Македонија JORDAN MITEV-POSTER

26 јули, 2013

Јордан Митев со отворени настапи низ Македонија

Македонската современа фолк легенда Јордан Митев и понатаму продолжува со неуморна работа. Летово покрај тоа што е присутен на голем број приватни прослави и манифестации, тој одржува и отворени настапи ширум Македонија на кои публиката може да ужива во живо со поголем дел од неговиот досегашен музички репертоар.

„Време за одмор немам! Имам уште многу работа до крајот на летово, а веднаш после тоа заминувам на едномесечна турнеја во Австралија. Како и минатите неколку лета, во овој период од годината ми е неиздржливо тешко и напорно, но еве до сега некако се справувам со сите обврски, фала му на Бога! Летово исто така настапувам и во повеќе градови ширум Македонија каде публиката има можност да ме запознае одблиску. Тоа всушност беше моја обврска и ветување кон публиката која ја следи мојата песна и музика” – вели Митев.

Покрај сите обрвски, Јордан Митев го завршува и неговиот најнов албум кој ќе биде комплетно завршен до крајот на октомври.



Врати се горе ↑