Аудио

28 ноември, 2018

Јордан Митев промовира две песни, најавува видео и албум

Пејачот на народна музика, Јордан Митев за неполн месец промовираше две нови песни, каде што и овој пат е комплетен автор на истите. Со првата песна насловена „Една и единствена“, Јордан настапи на фолк-фестивалот „Роса“, а токму оваа песна беше една од најзабележаните и најдобро прифатени песни на фестивалот од страна на публиката.

Втората песна, која го носи насловот „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, е нешто ново од Јордан, нов звук, нов пристап, а сето тоа го најавува и изгледот на неговиот нов албум, на кој Јордан интензивно работи периодов.

„’Наздрави за љубов, наздрави за среќа’ е песна во која многу верувам. Со новата песна сакав да упатам една позитивна мисла и со истата да влеземе во новата 2019 година. И покрај сè што ни се случува на секој од нас во животот, треба секогаш да му се радуваме и секој ден што го живееме убаво“, вели Јордан.

Оваа песна ќе добие и видео, чија премиера се очекува наскоро.



Врати се горе ↑