Македонија 954806_499580953458875_2005311392_n

24 септември, 2013

Јордан Митев по четврти пат ја крена Австралија на нозе

Македонската современа фолк легенда Јордан Митев во моментов се наоѓа во Австралија, каде што според реакциите на многубројната публика по интернет порталите и социјалните мрежи, пејачот пали и жари по австралиските сали, а публиката уживала во вонсерискиот квалитет и енергија на Митев.

„Презадоволен сум од успешноста на концертите и одзивот и реакцијата на публиката. На настапите ги пеев моите веќе познати хитови, но го претставив и мојот најнов музички материјал. Иако Австралија е далеку, публиката е во тек со сите случувања и го препознава квалитетот“ – изјави Митев, кој е најактивното и најбараното име во фолкот, како во Македонија, така и во целата македонска дијаспора.

До крајот на годината Јордан најави уште неколку гостувања низ Европа и довршување на започнатите проекти. На оваа турнеја Митев е во придружба на неговата колешка и девојка Гонце Гогова, за чии настапи напиша еден комплетно нов музички албум.



Врати се горе ↑