17 март, 2013

Јордан Митев: Мојот живот е казино

Како што најави на почетокот на месец февруари, македонскиот музичар Јордан Митев го подготвува неговиот нов албум на кој ќе се потпишат најдобрите македонски композитори. Неодамна го претстави новиот видео запис за песната „Мојот живот е казино“, кој се снимаше во Мелбурн, Австралија. Како и сите досегашни видео записи, и овој е во режија на Митев, а техничката реализација е работена со две продукции – М16 од Сиднеј и БОКС Продукција од Македонија.

„По самото прво видео кое е најава на албумот ќе може да се види и слушне дека во овој проект ќе работам на помодерниот звук, каде од една страна ќе се обидам да ги проширам границите на фолкот, а од друга страна ќе направам нешто што во досегашната моја кариера го немам правено.“ – вели Јордан, додавајќи дека песната „Мојот живот е казино“ го отсликува не само неговиот живот, туку и сечиј живот, бидејќи сите ние во животот и добиваме и губиме.

Но, за Јордан нема пауза кога се работи за музиката. Веднаш по овој видео запис, тој започнува со работа на вториот кој ќе биде изработен за песната насловена „Солзи без зборови“, една интересна и моќна балада која ја сними деновиве, а чии автори се Зоран Алексиќ (музика и аранжман) и Борче Нечовски (текст). Овој видео запис планира до го сними во Бугарија во соработка со Балканика и ФЕН телевизија, но сè уште не се финализирани сите детали.

Интересните црно-бели фотографии се направени како најава за новиот музички проект на Митев.



Врати се горе ↑