21 мај, 2013

Јордан Митев: Јас не знам да се штедам и не сакам да се штедам

Честопати изјавува дека “ќе ги прошири границите на фолкот”,дека “фолкот е кул” и „да бидеш фолкер во денешно време тоа значи да бидеш најхрабар”. Дали е тоа така, сè уште не сме баш сигурни,но едно е сигурно – познатиот хит мејкер и темпераментен пејач Јордан Митев не застанува да изненадува со нестандардните проекти за еден фолк лик. Пред неколку дена официјално во етер беше пуштен најнов спот за песната „Солзи без зборови”, една интересна и многу моќна балада која стана уште по вистинска и реална со висококвалитетниот видео запис кој беше снимен на неколку локации во Охрид, а истиот освен на македонските медиуми ќе може да се погледне и на една од поголемите балкански телевизии за музика –Балканика.

Покрај видео записот за „Солзи без зборови“, Митев ја промовираше и третата композиција која што е дел од новиот албум, насловена „Бакни ме како грешница”. Интересна динамична композиција која допрва ќе ги освојува срцата на публиката која го познава и која допрва ќе го запознае.

За неколку дена со мало задоцнувње од оправдани причини, излегува и новиот албум од Јордан Митев кој ќе биде насочен кон традицијата и корените и ќе го носи насловот  „Звукот на мојата традиција”, на кој ќе се најдат десет одбрани традиционални песни аранжирани од самиот Митев и секако отпеани на неговиот уникатен начин. Следува да се доработат уште седум песни од новиот албум со новокомпонирана фолк музика, настап на Прилепски фолк фест и настап на Фолк фест Валандово.



Врати се горе ↑