Видео

27 март, 2019

Јордан Митев го претстави видеото за новата песна

Јордан Митев деновиве го промовира неговото најново видео за темата „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, која е вистински хит во нашата земја и кај нашинците надвор, песна во која се пронаоѓаат сите генерации. Спотот го работеше со „Арт продукција“, а се снимаше во неговиот роден Радовиш.

„Навистина ми е премногу драго што успеавме да го завршиме и промовираме спотот за оваа тема, која според реакциите на нашите Македонци, навистина од ден во ден станува сè повеќе и повеќе популарна како песна. Сакам да им се заблагодарам на сите во тимот, односно на екипата која стои зад целиот овој проект, како и на статистите кои дадоа свој печат во сето ова. Спотот ќе придонесе само уште повеќе да живее и да се негува оваа песна, а тоа е главен двигател за нас пејачите и понатаму да создаваме квалитетна македонската народна песна“, вели Јордан.

Наскоро Митев ќе ја изненади публиката со уште едно видео, а овој пат снимањето ќе биде надвор од границите на нашата земја.



Врати се горе ↑