Македонија Jordan Mitev

4 февруари, 2013

Јордан Митев ги обединува македонците со песна

Македонската современа музичка легенда Јордан Митев, кој многумина го познаваат како човек со големо музичко искуство, во изминатиов период неуморно твори, ја шири и обединува македонската музичка култура ширум целиот свет. Имено, Јордан покрај значителниот успех со претходните музички проекти, овој пат сите почитувачи на квалитетната македонска музика ќе ги изненади со нови музички подвизи.

Тоа што ќе следи во блиска иднина е нова фотогалерија и најава за нови музички синглови. За разлика од минатиот албум каде тој комплетно се потпиша на сите наслови како целосен автор, овој пат Митев им се довери на најдобрите композитори од Македонија, кои ќе создаваат нови хитови за неговиот најнов албум.

Новото издание се очекува да биде комплетно завршено и да се појави во продажба во втората половина од 2013 година. Кон крајот на месец февруари се најавени две нови песни, кои ќе добијат и свои видео записи за кои веруваме дека им се допаднат на пошироката јавност.

Во продолжение да се потсетиме на видео записот за „Крушевска република“.

 



Врати се горе ↑