Аудио

18 јуни, 2019

Јон Ајди дебитира „Нежно“

Јон Ајди е уметничкото име на младиот и талентиран музичар Јон Ајдини, кој деновиве го објави својот прв сингл насловен „Gentle“. Станува збор за одлична инди-поп песна, чиј комплетен автор е самиот Јон, за снимањето и миксот се погрижи Ангел Ќосев во неговото студио „Подрумот“, а мастерингот е на Набу, додека сето тоа го визуализираше екипата на продукцијата „Моментс“.

Покрај „Gentle“, Јон неодамна ја претстави и исто толку одличната „Hold Me Close“, а ние се надеваме дека ова е само почеток за талентираниот музичар и дека допрва ќе слушаме уште многу од него. Двете песни на Јон Ајди ве очекуваат во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑