Балкан spek-zeljko-i-halid_620x0

4 февруари, 2013

Јоксимовиќ прави нова песна за Халид Бешлиќ

Во музичкото студио „Минакорд“ на Жељко Јоксимовиќ деновиве се подготвуваат бројни изненадувања, а едно од нив е и нумерата која овој кантавтор ја подготви за босанскиот фолк колега Халид Бешлиќ. По една година од најпопуларната нумера „Miljacka“, која ја потпишаа текстописецот Фахрудин Пецикоза и српската поп ѕвезда Јоксимовиќ, љубителите на добрата народна песна веќе подолго време очекуваат ново музичко остварување во реализација на истата екипа, која пред неколку дена повторно се собра во Белград. Иако се свесни за популарноста која ја имаше претходната песна, на новиот сингл се работи внимателно и без оптеретување. Авторите порачале дека новата песна е своевидно продолжение на „Miljacka“, во која е опеан маж кој на неговата љубена и признава дека иако цело време кон неа се однесувал лошо, сепак не може без неа. Откако Бешлиќ ќе ја отпее песната, на Јоксимовиќ му претстои завршувањето на аранжманот и снимањето на студиските музичари. Се очекува да излезе непосредно пред концертот на Бешлиќ во Белград, кој е закажан за 2-ри март. Погледнете како течеше снимањето…

Извор и фото: novosti.rs

 

 



Врати се горе ↑