Аудио joce panov makfest selfie

6 јуни, 2014

Јоце Панов убедливо најдобар во првата полуфинална вечер‏

На сцената на Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, на првата полуфинална вечер на фестивалот „Макфест 2014“ се претставија 15 изведувачи од кои само девет продолжуваат во финалето. Меѓу нив на врвот на листата со најубедливо водство се најде штипјанецот Јоце Панов.

Откако освои 15 интернационални награди на најреномираните фестивали во регионот, пејачот Јоце Панов по цели 6 години пауза се врати на македонскиот фестивал  Макфест и настапи под реден број 01, а така и заврши со убедливи 898 гласови. Песната со која Јоце настапи пред своите сограѓани во родениот Штип е насловена „Само немој да молчиш“, а како автори на песната се потпишуваат Бане Опачиќ (музика), Владо Јаневски (текст) и Слоба Марковиќ (аранжман).

Во продолжение слушнете ја песната „Само немој да молчиш“ во изведба на Јоце Панов со која обезбеди сигурен пласман во финалето на „Макфест 2014“ кое ќе се одржи утревечер на истата сцена, а ќе се емитува на првиот канал на Македонската Радио Телевизија.

 



Врати се горе ↑