Македонија joce-skale2013

1 јули, 2013

Јоце Панов со трето место на „Сунчане скале“

Во саботата вечерта се одржа 19-тото издание на познатиот фестивал „Сунчане скале“, а во конкуренција од 22 учесници од повеќе балкански и европски држави, нашиот изведувач Јоце Панов го освои третото место. Тој се претстави со композицијата „Боли ме твој додир“ од авторите Роберт Поп Димитров (музика и текст) и Миро Буљан, кој го направи аранжманот. Вториот македонски претставник Денис Мурат кој се претстави со темата „Сакривам бол“ од Григор Копров се пласира на 15-то место.

Победник на деветнаесеттото издание на оваа реномирана црногорска манифестација е босанската музичка легенда Kемал Монтено, кој настапи со групата Тешка индустрија. Нивната тема „Мајске кише“ освои најголем број гласови од стручното жири. Второто место му припадна на српскиот пејач Даниел Павловиќ (Операција Триумф), кој се претстави со композицијата „Три дана“.

На големата фестивалска сцена, Јоце настапот го започна свирејќи на клавијатура. За неговиот стајлинг се погрижи Сретен Костиќ, а преубавата балерина која танцуваше со него, носеше креација на Елена Лука. Од Македонија во жирито беше Маја Поцевска, а Јован Јованов се вклучи телефонски. Покрај нашите претставници во жирито, Јоце доби 12-ки и од другите членови. Песната „Боли ме твој додир“ наскоро ќе биде пуштена во етерот со нов видео запис. Во продолжение погледнете гo настапот на Јоце.

 



Врати се горе ↑