Видео

27 август, 2018

Јоце Панов со сопругата во новото видео за „Денес љубовта победи“

Јоце Панов го претстави видеото за една од неговите најомилени песни, „Данас је љубав победила“, или „Денес љубовта победи“, а сосема соодветно главната улога ја доби неговата штотуку венчана сопруга Марина. Ова авторско дело на хрватските автори Миро Буљан и Антонија Шола, кое се најде на новиот албум „Ни Љ од љубовта, го екранизираше веќе проверениот соработник на Панов, режисерот Дарио Јанковиќ.

❤❤❤ Мили мои ❤❤❤Со задоволство ви го подарувам мојот најнов спот за една од моите најомилени песни "Данас је љубав…

Gepostet von Joce Panov am Samstag, 25. August 2018

 

Инаку, Јоце и Марина, кои се заедно цели десет години, токму викендов го кажаа судбоносното ДА, а нивната љубовна бајка овековечена со ова прекрасно видео можете да ја погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑