Македонија joce panov suncane skale

16 јуни, 2014

Јоце Панов со ексклузивна промоција на „Сунчане Скале 2014“‏

Јоце Панов по цели 6 години пауза се врати на македонски фестивал  со песната „Само немој да молчиш“ од Бане Опачиќ која стана апсолутен хит веднаш откако беше објавена, а истата ќе добие српска верзија која ќе биде промовирана на најреномираниот интернационален фестивал „Сунчане Скале 2014“.

Оваа година фестивалот ќе има две вечери. Првата ќе биде натпреварувачка, а втората ревијална. Во натпреварувачкиот дел од Македонија ќе настапат Александар Тарабунов, Димитар Андоновски и Евгенија Чанчалова – Еги, додека во ревијалната како специјални гости ќе настапат Јоце Панов и Даниел Кајмакоски.

Песната со која Јоце настапи пред своите сограѓани во родниот Штип на фестивалот „Макфест 2014“ е насловена „Само немој да молчиш“, а како автори на песната се потпишуваат Бане Опачиќ (музика), Владо Јаневски (текст) и Слоба Марковиќ (аранжман). Српската верзија го носи насловот „Само не ќути“, а својата ексклузивна промоција ќе ја доживее на најреномираниот балкански фестивал „Сунчане Скале 2014“.

Во продолжение погледнете го настапот на Јоце Панов на Сунчане Скале минатата година каде ја отпеа песната Боли ме твој додир“ со која освои трето место, односно Бронзена сирена.

 



Врати се горе ↑