Аудио joce i dzambo

1 април, 2015

Јоце Панов сними нова песна во соработка со трубачот Џамбо Агушев

На новиот сингл на Јоце преовладуваат труби, па соработката со Џамбо беше неминовна, бидејќи тој е наш најпознат трубач со интернационална кариера. Јоце е познат по тоа што за своите песни се труди да соработува со најдобрите композитори, текстописци, продуценти и музичари, па соработката со Џамбо беше неминовна. Новата песна „Брига ме“ е направена на српски јазик, а наскоро се очекува да добие и македонска верзија. Двете верзии ќе добијат и видео записи.

На новиот албум на Јоце, на кој ќе се најде и овој сингл, ќе доминираат балканските инструменти и мелодиски линии. Целиот албум ќе има боемска нота, а песните ќе можат да се изведуваат во секакви пригоди. Како звучи оваа интересна соработка можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑