Македонија 381749_10152316655115253_1436606047_n

15 јануари, 2013

Јоце Панов сними дует со голема српска ѕвезда

Пејачот Јоце Панов на 17-ти јануари во Белград со ексклузивна промоција ќе го претстави својот втор албум „Ватрени Печати“ кој е во издание на Сити Рекордс. Албумот содржи 14 нови и 5 бонус песни кои на јавноста ѝ се веќе добро познати, меѓу нив се наоѓаат и песните „Ивана“ и „Ти пеам песна“. На повеќето песни како автор се потпишува продуцентот Миро Буљан, кој на македонската јавност ѝ е познат по големите хитови на нашата поп икона Тоше Проески.

На 17-ти јануари (четврток) во Белград во Клуб Колектив покрај ексклузивната промоција на албумот „Ватрени Печати“, присутните ќе уживаат во несекојдневна забава по повод роденденот на Јоце Панов, а на сцената ќе го придружува и Џеј Рамадановски.

Јоце Панов секогаш знае да изненади на своите настани, па овој пат покрај промоцијата и роденденската забава, на сцената ќе се слушне дел од новиот дует со голема српска ѕвезда која до самата промоција ќе остане во тајност. Со дуетот започнува големата балканска турнеа преку која пејачот ќе го промовира својот нов албум во просторот на поранешна Југославија.

Со цел песните да пристигнат до обожавателите во најдобар квалитет, дигиталната дистрибуција на музиката ќе се врши преку веќе докажаниот тим на OnAir.FM Macedonia со кои пејачот неодамна потпиша договор. Потсетуваме дека македонскиот албум „Огнени печати“, Јоце бесплатно го подарува на неговите фанови.



Врати се горе ↑