Македонија joce-panov

2 мај, 2014

Јоце Панов се приклучи на „EuroMusic Contest 2014“

Јоце Панов вчера (четврток, 1 мај) се приклучи на најголемиот Европски музички онлајн натпревар „EuroMusic Contest 2014“, во кој  ќе имаат можност да влезат само 40 артисти од цела Европа. Гласањето трае до 10 мај, а во финалето ќе се пласираат 10 финалисти кои ќе бидат избрани од интернационално жири за да пеат во јуни во Париз пред милионска публика.

Досега во натпреварот чие гласање започна на 10 април од македонските ѕвезди се пријавија Даниел Кајмакоски, Влатко Лозаноски, Андријана Јаневска, Александар Белов, Некст Тајм, АјКју, Даниел Данн, Христијан Тодоровски, Иле Спасев, Акустико Бенд и други.

Сè што треба да направите за да ги поддржите македонските изведувачи е да кликнете тука, потоа да кликнете на синото поле „Vote with Facebook“. Победникот на натпреварот ќе снима во најдоброто европско студио Black Rock Studios In Greece во Грција. Гласајте за македонските артисти со цел да бидат повисоко рангирани на најголемиот европски музички онлајн натпревар.

 

 



Врати се горе ↑