Настани joce-panov

7 февруари, 2013

Јоце Панов се извинува за одложениот настап

Јоце Панов со извинување го одложува настапот во Квин Клуб. Поради оперативниот зафат на коленото, Јоце Панов нема да може да ја забавува скопската публика во реномираниот Квин Клуб. Овој петок, атмосферата во клубот ќе ја загрева дуото Амир и Ивица Бенд, а веќе од наредниот петок, гостите ќе можат да уживаат со Јоце Панов.
Менаџерскиот тим изразува големо жалење што поради оправдани причини мора да се одложи настанот, но од таму ветуваат големи изненадувања и надокнадување за следната забава која ќе се оддржи на 15-ти февруари.
Квин Клуб ве поканува на уште една одлична забава во живо со Амир и Ивица Бенд, млади талентирани момци кои ќе се погрижат за уште една незаборавна ноќ во вашиот омилен клуб. Локацијата ви е добра позната, Плоштад Македонија, поранешно „69“.


Врати се горе ↑