Македонија joce-crna-gora

14 јуни, 2013

Јоце Панов промовираше албум во Црна Гора

Со голема забава во Клуб Велвет, пејачот Јоце Панов во средата (12.06.2013) во соработка Сити Рекордс го промовираше својот втор албум на српски јазик „Ватрени Печати“ во Црна Гора. Промоцијата започна во 22 часот, а со своето присуство пејачот го почестија најдобрите новинари од Црна Гора. Откако публиката ги слушна во живо песните од албумот, имаше можност да го погледне и најновиот видео запис за песната „Зовем те мила“, кој беше снимен под режисерската палка на Дарио Јанковиќ.

Пејачот и неговиот менаџерски тим подготвија посебно изненадување за Црногорците, па присутните ја имаа ексклузивноста први да ја слушнат новата песна која го носи насловот „Боли ме твој додир“, песна со која Јоце Панов ќе се претстави на овогодинешното издание на реномираниот фестивал „Сунчане Скале 2013“.

На барање на присутните, Јоце уште неколку пати ја испеа новата песна, а откако клубот се наполни до својот максимум, пејачот ги забавуваше гостите сè до раните утрински часови. Престојот на пејачот во Подгорица е продолжен поради големиот интерес од медиумите за гостувања и интервјуа. Наскоро песнатаБоли ме твој додир ќе биде промовирана во македонските медиуми.



Врати се горе ↑