Македонија Zlatni melos

1 ноември, 2013

Јоце Панов освои „Златни мелос“ на годишните музичките награди во Србија!

Нашиот пејач Јоце Панов на музичките награди во Србија освои награда Златни мелос за Најперспективен странски пејач во Србија. Панов на големата фестивалска сцена изведе две песни, легендарната Ти пеам песна“ и Нисам више тај“, песната од српскиот албумот Ватрени печати“ за која неодамна сними видео запис со најубавата Црногорка, Јелена Кировиќ, во режија на Дарио Јанковиќ.

„Многу сум среќен што ја добив наградата Златни мелос во Србија, тоа ми дава голем мотив за да продолжам понатаму“ – изјави Јоце Панов.

Годишните музички награди „Златни мелос“ во Србија се одржаа во Врњачка Бања и веќе одржуваат традиција подолга од 20 години. Во две фестивалски вечери, првата вечер (29.10.2013) како фестивал за народна музика „Моравски бисери“ и втора вечер (30.10.2013) „Златни мелос“ за доделување годишни награди во забавната музика.



Врати се горе ↑