Македонија јп

19 март, 2017

Јоце Панов најави нов албум

Јоце Панов наскоро ќе го промовира новиот албум, трет по ред кој ќе има две верзии- македонска и српско-хрватска. Пејачот, кој вложува поприлично многу во својата кариера, и овојпат соработувал со најдобрите автори од овој регион, а дел од темите ги потпишуваат Бане Опачиќ, Никша Братош, Миро Буљан, Антонија Шола, Саша Драѓиќ

„Планирам да направам три големи промоции, во Скопје, Белград и Загреб и се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне она што го сработивме. За дел од темите ќе снимам и спотови“, откри Јоце во неодамнешен разговор со порталот „Јави се јужна“, додавајќи дека има голема желба во иднина да ја претставува нашата земја на изборот за песна на „Евровизија“.

„Евровизија е голем настан и сон на секој пејач, но не би одел по секоја цена, само доколку имам навистина голема песна, која ќе има големи шанси за победа таму, е тогаш би се натпреварувал“, заклучи Панов.



Врати се горе ↑