Промоции

10 јуни, 2015

Јоце Панов ќе промовира видео запис за „Брига ме“

Утревечер (четврток, 11 јуни), со почеток од 20.00 часот во кафулето „Сото“ (спроти Соборен храм), Јоце Панов ќе го промовира видео записот за неговата нова песна „Брига ме“, којашто ја сними во соработка со виртуозот на труба, Џамбо Агушев. Снимањето се одвиваше на повеќе локации низ Македонија и Грција.

Јоце во моментов е актуелен и со дуетот со Зуица Лазова, темата „Срце да се отвори“, со којашто се натпреваруваа на неодамнешното 30. јубилејно издание на „Макфест“Автори на оваа песна се Баже Темелков и Борче Нечовски (музика и текст),  аранжманот го направи Дарко Тасев, продукцијата е на Љупчо Павловски, а се снимаше во „Студио Анастасија“.



Врати се горе ↑