Концерт mitkov

16 декември, 2014

Jоце Панов ќе одржи хуманитaрен концерт за помош на Даниел Митков

Во петок (19 декември) со почеток на полноќ во дискотеката „Escape“ во Кочани, Јоце Панов ќе одржи хуманитарен концерт за помош на нашиот сограѓанин Даниел Митков, кој поради сообраќајна несреќа останал во количка.

„Кога ме побараа за да направам хуманитарен концерт за Даниел, единствен слободен датум до Божиќ ми беше само 19-ти, а тоа е Св. Никола. Се надевам дека со Божја сила и помош од хуманите луѓе во Кочани, а и пошироко, ќе направиме убав концерт и ќе ги собереме останатите потребни средства за да го испратиме веднаш Даниел на операција за повторно да трча и игра фудбал. Даниел веќе една година се мачи да собере 25.000 евра за да отиде во Кина на операција, а му фалат уште малку и искрено се надевам дека наскоро ќе го видиме на нозе“, раскажува Јоце Панов.

Даниел Митков настрада во сообраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди на р’бетниот столб и остана парализиран во долниот дел од телото. По неопходниот медицински третман во Р. Македонија, потребен е третман со матични клетки и рехабилитација за подобрување на неговата состојба во Р. Кина. Хируршкиот зафат и рехабилитацијата се закажани во медицинскиот центар „Ву“ (WU Medical Centеr) во Пекинг, Кина, за кои се неопходни 25.000 евра, средства кои неговото семејство не може да ги собере, па затоа побараа помош од хуманите луѓе, а Јоце одлучи да помогне.

Освен средствата од влезниците од концертот, за Даниел може да се донира и на телефонскиот број 070 143 112 од мрежата на T-Mobile, односно 077 143 110 за корисниците на Вип Оператор. Со еден повик вие донирате 100 денари. Придружете се на Фејсбук страница „Апел за помош на Даниел Митков“ и доколку сте во можност помогнете му на ова семејство.



Врати се горе ↑