Македонија joce panov dejan milicevic

4 март, 2014

Јоце Панов ја промовираше „Моја најдобра“

Пејачот Јоце Панов вчеравечер (понеделник, 3-ти март) во рамките на извлекувањето на наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ја промовираше својата нова песна која го носи насловот „Моја најдобра“. Песната е снимена во Белград, а е авторско дело на Владо Јаневски (текст), Бане Опачиќ (музика) и Алек Алексов (аранжман и продукција).

Настапот во емисијата беше мала телевизиска промоција и најава за видео записот кој во наредните денови ќе биде пуштен во етер. Зад режисерската палка на Дејан Миличевиќ на неколку локации низ Белград викендов се снимаше новиот видео запис со кој Панов ќе ја промовира новата приказна околу својата кариера.



Врати се горе ↑