)

12 март, 2014

Јоце Панов ја претстави „Моја најдобра“

Јоце Панов вчеравечер, вторник 11-ти март 2014 г. во кафулето „Белиер“ го промовираше новиот видео запис за песната која го носи насловот „Моја најдобра“. Видео записот се снимаше на неколку локации во Белград под режисерската палка на веќе добро проверениот Дејан Миличевиќ. Главна улога во спотот покрај Јоце има атрактивна манекенка од Србија. Песната е авторско дело на Владо Јаневски (текст), Бане Опачиќ (музика) и Алек Алексов (аранжман и продукција).

Во присуство на новинарската фела, пејачот изрази благодарност до градежната компанија „Трансмет“ и останатите пријатели кои го подржуваат уште од почетокот на неговата музичка кариера: „Пресреќен сум што конечно можам да ви покажам на што работев изминатиов период. Горд сум на целиот тим со кој работев на оваа песна и им благодарам на сите кои ми дадоа поддршка. Ова е почеток на еден нов период во мојата музичка кариера“ – кажа Јоце.



Врати се горе ↑