Македонија jp-podgorica

22 март, 2013

Јоце Панов ја крена Црна Гора на нозе

Јоце Панов завчера во Подгорица со својот настап во „Клуб Велвет“ ги крена црногорците на нозе, а деновиве  ги договори следните настапи во најголемите клубови низ Црна Гора. Промотивната турнеја низ државите од поранешна Југославија го носи слоганотВатрени Печати, а со неа се промовира вториот студиски албум на српско-хрватски јазик.

Официјалната промоција на албумот во Црна Гора ќе се оддржи на почетокот на следниот месец. Во меѓувреме од менаџментот на Јоце Панов известуваат дека пејачот напорно работи на последните детали за новите проекти кои наскоро ќе се презентираат пред јавноста.



Врати се горе ↑