5 октомври, 2017

Јоце Панов има „Вирус“

Јоце Панов го претстави својот нов сингл што го носи насловот „Вирус“ и е издаден од продуцентската куќа „Сити рекордс“. Песната е комплетно авторско дело на Горан Јовановиќ, кој се потпишува на текстот, музиката и аранжманот.

Проектот се снимаше во студиото „Анастасија“, а за комплетното музичко дело беа ангажирани Љупчо Павловски (аудио обработка), Таир Аљуш (виолина), Трајче Ставревски (бузуки), Ставре Ставрев (тапани и перкусии), Дарко Тасев (акустична и електрична гитара) и Никола Автовски (бас гитара).

Придружните вокали ги отпеаја Јоце и Сара. Видеото, пак, е снимено во 4к резолуција на неколку локации во Грција, под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а во него се појавува и манекенката Ангела Ставреска од модното студио „Црнокрак“. Како изгледа и звучи новиот „Вирус“ на Јоце можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑