Видео

2 мај, 2018

Јоце Панов го промовираше новиот албум „Ни Љ од љубовта“

Популарниот пејач Јоце Панов деновиве го промовираше својот нов албум насловен „Ни Љ од љубовта“, а музичката дружба што се одржа во скопскиот ресторан „Дион“, се претвори во целовечерен концерт. Голем број колеги и почитувачи уживаа со најголемите хитови отпеани на македонски и на српски јазик, а вечерта беше заокружена и со заеднички настап со колегата Наум Петрески, со кого Јоце го има дуетот „Потроши“.

Новиот албум, кој е трет по ред во кариерата на Панов, содржи песни отпеани на македонски и на српски јазик, чии автори се дел од најпознатите имиња во регионот, како што се Владо Јаневски, Бане Опачиќ, Никша Братош, Миро Буљан, Антонија Шола, Саша Драѓиќ… Бидејќи му е особено драга, како насловна ја стави темата „Ни Љ од љубовта“, која ја отпеа на Скопскиот фестивал во 2014 година.

Пред скопската промоција, со која можете да уживате во продолжение, новиот материјал беше промовиран и во Белград, а за оваа сабота, 5 мај, е закажан концерт во охридскиот клуб „Кадмо“.



Врати се горе ↑