21 мај, 2013

Јоце Панов го претстави видео записот за „Зовем те мила“

Песната „Зовем те мила“ е љубовна балада која е снимена со големи емоции, а придружен вокал на Јоце во новата песна е Наде Талевска. Како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува Роберто Поп Димитров и неговата Кентаур Продукција. Видео записот се снимаше на атрактивни локации низ Македонија под режисерката палка на Дарио Јанковиќ.

„Не беше планирано да се сними видео запис за оваа песна, но мојот менаџер инсистираше да направиме барем некакво видео со кое ќе ја пуштиме во етер. Приказна за обично видео прерасна во еден прекрасен спот што мене искрено многу ми се допаѓа. Вложивме многу љубов и труд во песната, сето тоа може да се види и во видео записот. Искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати добро и оваа песна“ – вели Јоце Панов.

Песната својата официјална промоција ја доживеа во саботата во преполниот „Клуб Милениум“. Гостите премиерно ја слушнаа новата песна, а сега можат да го видат и видео записот. Јоце по пуштањето во етер на оваа песна, заминува во Загреб за да ги доврши новите материјали на кои работи со Миро Буљан.

Песната во мп3 со голем квалитет може да ја преземете од следниот линк.



Врати се горе ↑