Видео

30 мај, 2019

Јоце Панов го претстави новиот сингл „Ноћас купујем илузије“

Јоце Панов го претстави својот нов сингл насловен „Ноћас купујем илузије“, чии автори се композиторот Миро Буљан и текстописецот Ненад Нинчевиќ, а сето тоа го снимаше и го испродуцира Лазар Цветкоски. Тој ги отсвири и деловите на акустична и електрична гитара, а заедно со Јоце и сестра си Магдалена Цветкоска ги отпеа и придружните вокали.

Новата песна стигна во комплет со видео во реализација на „Генерал филм“, снимено под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а покрај Јоце се појавува и моделот Ана Марија Јанковиќ.



Врати се горе ↑