Македонија Ogneni Pecatim

29 ноември, 2012

Јоце Панов го подарува својот втор албум „Огнени Печати“

Пред промоцијата на албумот „Ватрени Печати“ наменет за државите од поранешна Југославија, пејачот Јоце Панов го подарува својот македонски албум „Огнени Печати“ за бесплатно преземање од неговата веб страница www.jocepanov.com
 
Албумот „Огнени Печати“ содржи 14 песни меѓу кои и мега популарните „Ти пеам песна“ и „Ивана“. Албумот беше издаден на 19-ти март годинава од Носталгија Рекордс 001.Покрај албумот кој е достапен за бесплатно преземање, на промотивниот веб сајт можат да се најдат сите информации за Јоце Панов.
Наскоро на веб сајтот ќе бидат поставени сите настани, интервјуа и гостувања, а фановите ќе можат да се дружат со Јоце преку најсовремените интернет сервиси за комуникација.


Врати се горе ↑