Македонија joce panov

10 мај, 2013

Јоце најави промоција на нова песна

Деновиве Јоце Панов ја сними својата најнова песна која го носи насловот „Зовем те мила“. Песната е љубовна балада која е снимена со големи емоции, а придружен вокал на Јоце во новата песна е Наде Талевска. Како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува Роберто Поп Димитров и неговата Кентаур Продукција. Песната се очекува да биде пуштена во етер во текот на наредната недела.

„Со Роберто едно време имавме заеднички бенд и доста добро ги познавам неговите музички квалитети, тој е еден од ретките луѓе со кои можат да работам после толку голема професионална соработка со Миро Буљан и неговиот тим, а по промоцијата на оваа песна ќе заминам во Загреб за да го довршиме оноа што го започнавме со Миро. Се надевам дека нашето изненадување ќе ви се допадне“ –  вели Јоце Панов.

Рефренот од новата песна:
Ja zovem te mila, s kim god da si bila
Jutro kvari mi dan, vise ne znam ni sam sta osecam.
Ja zovem te mila, s kim god da si bila
Da li u ovoj noci je kraj i rusi nocas sve sto sanjam.



Врати се горе ↑