Аудио kelis

24 април, 2013

„Jerk Ribs“: Нова песна од Келис

По серијата најави и откажувања минатата година, Келис (33) за 2013 година најави дури две нови изданија; едното сигурно ќе биде нејзиниот шести по ред студиски албум, кој за сега нема официјален наслов или дата на објавување и ќе го наследи „Flesh Tone“ од 2010 година, додека другиот веројатно ќе биде компилациско издание на кое ќе бидат објавени песните во кои гостувала во меѓувреме, како и нејзините соработки со имиња како што се Калвин Херис и Скрим.

Во секој случај, деновиве пристигна нова песна од Келис, за која во моментов не се знае дали е дел од некој од најавените изданија, но познато е дека продукцијата ја потпиша Дејв Ситек, а како звучи „Jerk Ribs“, можете да слушнете во продолжение.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑