Концерт jelena_tomasevic

7 ноември, 2017

Јелена Томашевиќ специјална гостинка на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Скопје

Популарната српска пејачка Јелена Томашевиќ ќе биде специјална гостинка на претстојниот концерт на нејзиниот колега Жељко Јоксимовиќ во Скопје, кој ќе се одржи на 11 ноември (сабота) во ВИП арената „Борис Трајковски“. Таа е едно од изненадувањата што ги најави продукцијата „Прагма“, која е организаторт на скопскиот концерт.

Останати се само уште мал број влезници, а заради огромниот интерес во продажба дополнително се пуштени М блоковите (М7, М8, М9). Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, во „Пола Југотон“, „Југотон“ и цвеќарница „Розе“ – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

jelena-t-640x462

Извор и фотографија: Курир



Врати се горе ↑