Балкан 564235_411688972225893_245399233_n

10 ноември, 2012

Јелена Томашевиќ ќе ја запознае Џеј Ло

Српската поп пејачка Јелена Томашевиќ, која многумина ја сметаат за двојничка на Џенифер Лопез, ќе ја запознае светската поп дива во Истанбул каде што Лопез ќе одржи концерт. Томашевиќ изјави дека ќе патува за Истанбул за да сними дует со нејзината колешка Емина Јаховиќ и ќе претстојува кај неа, па решиле заедно да одат на концертот на Џеј Ло, каде што големи се шансите да се запознаат со неа позади сцената.

Томашевиќ признава дека ѝ годи споредбата со поп дивата и ќе биде многу среќна доколку се запознае со неа.

Извор и фото: Новости.рс



Врати се горе ↑