Настани

23 август, 2018

Јелена Томашевиќ, Димитар Андоновски и „Тајфата“ на 27 август ќе ги забавуваат кривопаланчани

Познатата српска пејачка Јелена Томашевиќ в понеделник (27 август) ќе одржи концерт во Крива Паланка. Концертот е закажан за 21 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад. Јелена гостува по повод одбележувањето на Денот на рударите, кој ќе се празнува следниот ден, на 28 август.

Организаторите упатуваат отворена покана за концертот на кој посетителите ќе може да уживаат во познатите хитови: „Јутро“, „Нема кога“, „Оро“, „Кошава“, „Океани“ и многу други.

Пред настапот на Томашевиќ, како нејзина предгрупа се најавени Димитар Андоновски и „Тајфата“.

Инаку, в сабота (25 август) на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на Џојфест, каде што ќе настапи легендарната српска група „Рибља чорба“.



Врати се горе ↑