12 април, 2017

Јелена Розга „Не пие, не пуши“

„Не пијем, не пушим“ е насловот на новиот сингл од хрватската поп дива Јелена Розга, чија екранизација беше претставена вчера. Темата е дел од последниот албум на пејачката, „Модерна жена“, кој беше објавен на самиот крај од минатата година.

„’Не пијем, не пушим’ е една од оние песни кои го обојуваат сивилото во најубави бои, а спотот е посвета на еден од моите најдраги спотови, ’Addicted to Love“ од Роберт Палмер“, напиша таа, претставувајќи го новото видео на Фејсбук, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑