29 март, 2018

Јелена Розга има „Најдобар ден“

По кусата пауза од музичката сцена, популарната хрватска пејачка Јелена Розга деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Најбољи дан“.

„По безброј настапи, несебичното давање себеси на публиката, пријателите и љубовта, си зедов некое време за она што најмногу го занемарував… себеси. Полна со позитивна енергија, по прекрасната и рекордна турнеја низ Австралија, се разбудив и си реков: ’Ова е мојот најдобар ден’. И затоа  морам да го споделам со вас и со целиот свет. Ве сакам, сакајте се“, напиша 40-годишната дива по повод објавувањето на новата песна и видеото за неа.

Музиката и стиховите се на нејзините проверени  соработници – брачната двојка Тончи и Вјекослава Хуљиќ, додека видеото го потпишува режисерката Сандра Михаљевиќ, а како изгледа и звучи „Најдобриот ден“ на Јелена Розга дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑