Балкан

2 октомври, 2018

Јелена Розга го претстави новиот сингл „Остани“

Хрватската ѕвезда Јелена Розга денеска го промовираше видеото за својот нов сингл насловен „Остани“, кој е резултат од соработката со колешката Емина Јаховиќ и нашиот композитор и продуцент Дарко Димитров. Токму Емина се потпишува како авторка на музиката и стиховите, а Дарко беше задолжен за аранжманот и продукцијата. Тандемот во план има и уште неколку соработки кои би требало да ги слушнеме и видиме во наредниов период.

Фотографија на Jelena Rozga.

Новиот сингл на Розга визуелно го спакува продукцијата „Дарсту продакшнс и Џентилини филмс“, под режисерската палка на нејзиниот долгогодишен соработник Дарио Радусин, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑