Балкан 382338_10151530492539859_259891261_n

9 март, 2013

Јелена Розга го најави новиот сингл со провокативни фотографии

Додека во студиото се привршува новата песна, хрватската пејачка Јелена Розга направи неколку провокативни фотографии со кои го најавува нејзиниот нов сингл насловен „Нирвана“. Новата песна ќе има малку поинаков звук, инспириран од желбите на нејзината публика. Станува збор за динамичен и модерен аранжман со ритам за танцување.

„Секоја нова песна за мене претставува нова радост. Мојата публика го заслужува најдоброто и токму поради нив давам сè од себе. Покрај новата песна, на публиката сакам да ѝ дадам цел пакет, бидејќи песната се доживува и визуелно – со движење, кореографија и стил. Некогаш треба да се ризикува,  но со публика каква што е мојата и која секогаш е на моја страна, подготвена сум за нови предизвици. Оваа песна и ја подарувам на мојата публика која е мој двигател и причина зошто секој ден пеам со исполнето срце.“ – изјавила Розга.

Премиерата на „Нирвана“ се очекува за дваесетина дена,  кога ќе биде снимен и видео записот. И оваа песна е потпишана од брачната двојка Хуљиќ, додека аранжманот е на продуцентот Борис Ѓурѓевиќ.

Извор: svet.rs



Врати се горе ↑