8 јуни, 2015

Јехона и Есма со освежена верзија на „Чаје шукарије“

Познатата албанска пејачка Јехона Сопи сними нова „хаус“ верзија на еден од најпознатите ромски хитови – „Чаје шукарије“, во која секако дека гостува кралицата на ромската музика – Есма Реџепова.

„’Чаје шукарије’ е многу позната песна, особено за постарите генерации. Есма оригинално ја отпеа во 1963 година, а сега ние направивме една посовремна ’хаус’ верзија, која ќе ја привлече и помладата публика“, изјавила Јехона за албански „Глас“, а Есма, која случајно се запознала со Сопи, рекла дека е воодушевена од нејзиниот вокал и дека е фантастична пејачка.

Како автор на текстот се потпишува Биг Баста, музиката е дело на хит-мејкерите Зап и Крис, а миксот го направи Дарко Димитров. За видео записот, кој се снимаше во Приштина, по сценарио на Адриан Куртоли, се погрижија продукцијата „Фаб3“, Агрон Бериша (камера и фотографија) и Петрит Даку (камера), а целиот проект во продукција на „OnAir.Fm“ Ве очекува горе. Уживајте!

Извор: zeri.info/ фотогафија: Јутјуб



Врати се горе ↑