Македонија MRT_EUROVOSION

16 јули, 2014

Јавниот сервис не го послуша народот, на Евровизија сепак ќе се оди

Македонската Радио Телевизија од неодамна ја спроведе јавната анкета каде што посетителите на неијзиниот официјален веб сајт имаа и сè уште имаат можност да го дадат својот глас во однос на прашањето „Македонија на Евровизија?!“ „Македонската радио телевизија бара Ваше мислење“. Досега на оваа адреса гласале околу 30 000 посетители, од нив над 10 ооо испитаници се огласиле дека не се согласуваат да оди Македонија повеќе на Евровизија, додека повеќе од 8 000 се за да оди победникот на “Скопски Фестивал” останатите 3400 за да се одбере по пат на интерна селекција од страна на МРТВ. Котизацијата или уплата за учество Македонската Телевизија треба секоја година да одвои околу 50 000 евра за овој настан.

Додека очекувавме официјално резиме за веќе спроведената анкета, ни пристигна информација дека извесната редакција на културно – забавна програма при МРТВ одлучила самоиницијативно да го поништи мислењето на граѓаните, истото ви го пренесуваме во целост:

(Скопје, 16.07.2014) – Најдобрата песна и победник на годинашното издание на „Скопски фестивал” ќе ја претставува Македонија на Изборот за Песна на Евровизија за 2015 година. Националниот реномиран фестивал на забавни мелодии ќе се одржи на 13 ноември, во организација на Македонската Радио Телевизија. Учество ќе земат само 20 мелодии од пријавените на конкурсот кои ќе бидат претставени од македонските изведувачи.

„Изминатите неколку фестивалски изданија нè убедија во високиот квалитет на песните изведени на фестивалот и нивниот понатамошен успех меѓу публиката. Токму заради тоа и да не се прави дополнителен избор, организаторот на фестивалот МРТ одлучи победничката композиција од Скопски фестивал да не претставува на Изборот за Песна на Евровизија за 2015 година“, изјави Мери Попова, уредник на културно-уметничката програма на МТВ.

Најдобрите три нумери од фестивалот ќе бидат наградени со финансиски средства. Исто така, покрај новината за првонаградената композиција, од Македонската радио телевизија најавуваат новитет и во однос и системот за гласање.

„За ова фестивалско издание е променет начинот на гласање и го воведовме веќе испробаниот и успешен евровизиски модел на гласање. Овој модел се одвива по системот на телевоутинг и оценување од страна на меѓународно стручно жири, во сооднос 50 – 50 проценти. Веруваме дека на овој начин покрај 20 врвни композиции, најдобрата и најквалитетната ќе победи дотолку повеќе што нејзиниот квалитет уште повеќе ќе се потврдува на најпознатиот, интернационален натпревар“, дополни Попова.

МРТ заради летните одмори го продолжи конкурсот за аплицирање за учество на Скопскиот фестивал до 31 јули годинава. Подготовките за претстојното издание на најстариот фестивал во Македонија, Скопскиот фестивал се веќе во тек и организаторот ветува уште едно ексклузивно фестивалско издание со 20 нови хитови.

Б.С.



Врати се горе ↑