Видео

11 јули, 2019

Јасмина Лопез со македонскиот сопруг во романтичното видео за „Me da miedo“

Кубанското дуо „Беле беле“, во кое едната половина е македонската снаа Јасмина Лопез, вчера го претстави својот нов сингл насловен „Me da miedo“ (Страв ми е), што воедно и прва соработка со „Селула мјузик“ и диџеј Јуник.

Сето тоа е дополнето и со романтично видео снимено во родната Хавана во Куба, под режисерската палка на Франсис Англада, а заедно со Јасмина се појавува и нејзиниот сопруг, скопјанецот Ѓорѓи Атанасов.

Шармантната Кубанка наскоро ќе ја слушнеме да запее и на македонски, а со новиот сингл на шпански јазик уживајте во продолжение!



Врати се горе ↑