Видео

18 мај, 2018

„Јасмина и су беле беле“ се „Расположени за забава“

Кубанската група „Јасминa и су беле беле“ (Yasmina y su Bele Bele), во која членува и еден Македонец и чиј нов албум е комплетно снимен и продуциран во Македонија, деновиве претстави уште еден сингл од новото издание. Станува збор за темата насловена „Yo soy Vacilón“, што во превод би значело „расположен за забава“.

Екипата претходно го претстави и најавниот сингл „Te extraño amor“, по кој следеше „Fiesta Latina“, а како изгледа и звучи кога „Јасмина и су беле беле“ се расположени за забава, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑