Видео jasmin alievski

17 септември, 2015

Јасмин со лауреат прво место на „Езерски бисери 2015“

На меѓународниот натпревар „Езерски бисери“,  младиот Јасмин Алиевски беше прогласен за лауреат на фестивалот, по изведбата на Остани од Горан Каран и новата песна на Влатко Лозаноски –  Како тебе нема друга. На овој меѓународен арт фестивал, кој неодамна се одржа во Струга, учествуваа уметници од дванаесет држави со што овој натпревар во повеќе категории им овозможи на бројните таленти афирмација пред нашата публика.

„Учеството на овој фестивал беше уште едно незаборавно искуство.  Имав можност да се запознаам со млади и постари изведувачи од целиот свет, да бидам дел од крстарењето по Охридското езеро, потврдувајќи ги своите знаења за историјата на Охрид, а воедно и учејќи многу нови податоци за градот бисер. По ова крстарење и екскурзијата во Охрид, се запознавме и со убавините на Струга и Вевчани“, изјави Јасмин Алиевски.

 

Наградата за младиот пејач ќе биде мотив повеќе да продолжи понатаму со претставување на својот талент и љубов кон музиката. Тој најави три кавер изведби кои се крчкаат во студиото на неговиот пријател и соработник композиторот Иле Спасев, со кого  подготвува и сосема нова песна. Јасмин Алиевски ќе го гледаме и во новата сезона на „Sвездите на Гранд“, бидејќи помина понатаму и ќе оди во Белград на големата сцена како наш македонски претставник. Тој деновиве ќе започне и со снимање на видео запис за песната „Давам сè“, која мината година ја испеа на фестивалот „Охрид фест“.

 



Врати се горе ↑