Балкан jaimamtalent

22 октомври, 2012

„Јас имам талент“ започнува во Ноември

Четвртиот по ред серијал на српското музичко шоу „Јас имам талент“ ќе започне со емитување на 18 ноември во 21 часот. Од големиот број пријавени потенцијални кадидати, аудициите ги поминаа околу 5000, а 400 од нив ја добија шансата да се претстават пред жирито во Народниот Театар.

Жирито годинава е составено од Иван Босиљчиќ, Наташа Нинковиќ и веќе искусниот Иван Тасовац. Во новата сезона ќе доминираат пеењето и танцувањето, но секако ќе има и по некој необичен талент. Првиот пат за ова шоу се пријави и едно младо момче од Мексико кое солидно се покажа пред публиката, а во новата сезона на нашите мали екрани, покрај другото, ќе имаме можност премиерно да видиме и музичка точка која ја исполнуваат дресирани кучиња. Главната емисија ќе се емитува во недела, а во текот на работната седмица ќе има и дневни емисии со цел подобро да ги запознаеме натрпеварувачите. За сега не е познато дали има натрпеварувачи од Македонија, така што ќе треба да почекаме до 18 ноември за да дознаеме. Победникот на шоуто ќе ја добие главната награда во износ од 100 000 евра.



Врати се горе ↑