18 декември, 2012

Јас имам талент: Видете ја српската Ријана

Последната епизода од српското шоу „Јас имам талент“ била доста интересна, но се чини дека најинтересната натпреварувачка била Дана Гашиќ Гаваја, која многу потсетува на американската пејачка Ријана. Дана има 15 години, родена е во Лондон, израснала во Белград и е од мешан брак. Нејзината мајка е србинка, а татко и е афроамериканец по потекло од Гвајана. Иако има уште време за убаво да го оформи својот глас, сепак нејзиниот музички талент е очигледен. Во продолжение погледнете како Дана им се претстави на жирито, кое едногласно кажа ДА, а времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите понатаму.

Извор и фото: Трачара



Врати се горе ↑