7 јануари, 2016

„Јануари“ е новиот божиќен сингл на Боби Мојсоски

Боби Мојсоски го претстави својот неодамна најавен сингл со кој ви ги честита божиќните празници.

„Христос се роди и нека ни е за многу години! Ви посакувам здравје, среќа, љубов, берикет и сè најдобро! Како мој божиќен подарок ви го подарувам шестиот официјален сингл ’Јануари’, чиј текстописец и композитор сум јас, а аранжманот е на Гоце Симоноски. Видео записот е дело на Даниел Јовески. ’Јануари’ ја искомпонирав пред точно четири години, но сега одлучив дека е вистинскиот момент оваа нумера да биде објавена. Ви посакувам убави дни и се надевам дека ќе уживате, како што јас уживав додека го создавав“, изјави Боби, а како звучи и изгледа неговиот „Јануари“ погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑