Видео

3 април, 2017

Јана за евровизискиот спот: „Го демолирав цел стан и одбив да се бакнувам“

Непосредно пред евровизиската промотивна турнеја, нашата годинешна претставничка Јана Бурческа гостуваше во популарната емисија „Еден на еден“, каде што откри детали околу подготовката на целиот евровизиски пакет. Таа раскажа како дознала дека е избрана да ја претставува Македонија на Евросонг, како ја одбрале песна, а и како си поминала за време на снимањето на видео записот.

„Секако дека кажував и што ми се допаѓа, а што не. На пример, одбив да се бакнувам со дечкото, кој се пожали и дека сум била пренасилна. Цел стан го демолирав!“, рече Јана, додавајќи дека не е во никакво сродство со возрасната жена во спотот.

Меѓу другото, Жаре ја потсети и на нејзините почетоци во „Македонски идол“, а го тестираше и нејзиното познавање на досегашните македонски евровизиски песни. Доколку ја пропуштивте саботната премиера на „Еден на еден“, целата емисија каде што покрај Јана гостуваа и ѕвездите од новата камапања на УНИЦЕФ – водителот Марко и прекрасната Нина, можете да ја погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑