Аудио

17 февруари, 2018

Јана Терзи е грчката претставничка за „Евровизија 2018“

38-годишната Јана Терзи (Yianna Terzi) е изборот за евровизиски претставник на нашиот јужен сосед, соопштија од грчката национална телевизија ЕРТ. Таа во Лисабон ќе се натпреварува со песната насловена „Oneiro mou“ или „Мојот сон“.

Родена во 1980 година, Јана започнала професионално да се бави со музика во 2005. Откако издала неколку успешни албуми, таа се преселила во САД, а како свои најголеми музички идоли ги наведува Витни Хјустон, Мараја Кери, Селин Дион и Мајкл Џексон.

Исто како и нашите претставници „Ај кју“, Терзи ќе настапува во првата полуфинална вечер на 8 мај, заедно и со претставниците на Албанија и Бугарија, како и на Хрватска. Нејзината песна можете да ја преслушате во продолжение.

 

Освен Грција, својот претставник вечерва ќе го добие и Црна Гора, чија публика ќе одбере еден од петте финалисти на „Монтевизија“. Директниот пренос од манифестацијата можете да го следите на официјалната веб-страна на РТЦГ, со почеток од 20 часот.



Врати се горе ↑