Видео

16 јануари, 2018

Јана Стојановска запеа со „Чалгии мерак“ во „Ка ми испаднала мома Катина“

„Официјално Ви го претставуваме нашиот прв проект. Преработката на песната ’Ка ми испаднала мома Катина (Катерина)’ со актерката Јана Стојановска. Потеклото на песната е од воденскиот регион, Егејска Македонија. Се надеваме ќе Ви се допадне и ќе уживате. Инаку наша цел е негување на македонската чалгаџиска музика, која е заборавена во ова современо општество. Да не дозволиме да се искорени од историјата, бидејќи е од голема важност за нас како нација. Наскоро ќе има и нови преработки на песни…“

Вака македонскиот чалгаџиски состав „Чалгии мерак“ ја најави својата дејност, како и својот прв видеопроект. Како главен вокал во песната и лик во видеото сае појавува македонската актерка Јана Стојановска, во моментов актуелна не само во Македонија, туку и во регионот по улогата на македонската патриотка Јована во мегапопуларната серија „Сенки над Балканот“.

Песната е снимена и миксана од Вилијам Лирој (William Leroy), а видеото го снимил и режирал Димитри Геукене (Dimitri Geukenne). „Чалгии мерак“ се: Оливер Настовски (ут), Иван Божиновски (виолина/кемане), Филип Михајловски (канон), Анастасиос Јоану (кларинет) и Шериф Мустафа (тарабука), а како звучи нивната одлична соработка со Јана можете да видите и слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑